ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел

ЧЕМЕРСКИ-ЈАНУШ, Ангел (Кавадарци, 31. Ⅲ 1923 – Скопје, 18. Ⅺ 2003) – економист, комунистички деец, првоборец и државник. Бил член на СКОЈ (1938), секретар на Бирото на СКОЈ во Трговската академија во Битола (1940), член на МК на СКОЈ во Кавадарци (1942–1943) и на КПЈ (1942), а потоа борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од 14. Ⅴ 1943), раководител на Одделението за агитпроп во НО баталјон „Страшо Пинџур“ (24. Ⅸ 1943) и во Втората македонска НОУБ (декември 1943 – мај 1944), секретар на ОК на СКОЈ во Кавадарци, член на Вториот областен комитет на СКОЈ во Битола, секретар на Третиот областен комитет на СКОЈ во Штип, член на Третиот областен комитет на КПМ, секретар на Окружниот комитет на СКОЈ и на КПМ во Струмица (февруари – мај 1945) и во Битола. По Ослободувањето бил началник на Персоналното одделение во Министерството за индустрија на НРМ (1945–1947), началник на Планската комисија при Владата на НРМ (1947–1948), помошник-министер за индустрија во Владата на НРМ (1948), претседател на Комитетот за комунални работи на НРМ (1950– 1951), претседател на Стопанскиот совет на Владата на НРМ (1951–1952), генерален директор на Дирекцијата за прехранбена и тутунска индустрија на НРМ (1952–1953), заменик-директор на Заводот за стопанско планирање на НРМ (1953–1959), потоа и директор (1959–1963). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и се оддал на политички должности: член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1963-1965), член на ЦК, секретар на Извршниот комитет и член на Претседателството и претседател на ЦК на СКМ (1969–1982), член на Претседателството на СКЈ, сојузен пратеник и претседател на Сојузниот одбор за план и финансии, член и претседател на Претседателството на СРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Триесет години на Комунистичката партија на Македонија, „Гласник“, ИНИ, ⅩⅤⅠⅠ, 1, Скопје, 1973, 9-22; 30 години на СКМ, „Погледи“, Џ, 1, Скопје, 1073, 3–20; Сојузот на комунистите во борбата за нови односи, Скопје, 1975; Сојузот на комунистите на Македонија во натамошниот развој на социјалистичките самоуправни односи, Скопје, 1978. ЛИТ.: Биографија на Ангел Чемерски, ЏЏЏВИИИ, 12549, „Нова Македонија“, Скопје, 10. Ⅳ 1982, 2. С. Мл.