ЧЕЛОПЕК

ЧЕЛОПЕК – село во Гостиварско. Се наоѓа во горнополошката рамнина, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Со Гостивар е поврзано со локален асфалтен пат. Тоа е населено со Албанци, чиј број е во постојан пораст. Во 1953
г. во него живееле 2.825 ж., а во 2002 г. тој број се наголемил на
6.748. Порано бил центар на општина, во која влегувале 4 села, денеска е во состав на Општината Гостивар. Населението се занимава со одгледување на житни и градинарски култури, а еден дел од жителите се наоѓаат на работа во странство. Во Челопек постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Глигор Чемерски