ЧАУЛЕВ, Петар

ЧАУЛЕВ, Петар (Охрид, 1880 – Милано, 23. ⅩⅠⅠ 1924) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание. Се школувал во Охрид и Битола, учителствувал во Охридско. Бил организатор на револуционерните комитети во Охридско, Преспанско и Леринско (1899). Во Илинденското востание бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, во 1911 г. бил член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни, во Тиквешкото и во Охридското востание (1913). Во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил околиски началник на Охрид. По војната учествувал со Т. Александров и А. Протогеров во создавањето на ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест (1924). Убиен е од Д. Стефанов, член на ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Жртва на Мајскот манифест. Седумдесет години од убиството на Петар Чаулев, „Пулс“, 6. И 1995; Трито дола Прага-ТаборÍ-Виена-Милано. Страници отÍ борбата на Македони®, (Софи®, 1927). З. Тод.