ЧАРШИ–

ЧАРШИ–ЏАМИЈА (Прилеп, 1475) – подигната од Хаџи Хусеин, син на Абдулах. Има правоаголна основа со димензии 20,25 х 11,30 м, скромна внатрешна декорација и минаре високо 25 м, градено во неколку фази. Тремот бил изграден во сред. на ⅩⅠⅩ в. Се наоѓа во руинирана состојба. ЛИТ.: Арх. К. Јованоски, За Чарши – џамијаПрилеп, Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости, Музеј и Галерија, Зборник на трудови, бр. 10-11, Битола, 1992. Др. Ѓ.