ЧАРДАК

ЧАРДАК (СОФА, ПОТОН, ОТВОРЕН И ЗАТВОРЕН) – просторија на катот формирана со специфична организација на просториите. Има различна намена, во зависност од климатските услови, економската состојба на имателот, конфесионалната припадност и периодот на градбата. Служи за комуникација, како простор за работа и за одмор (за спиење преку лето), за одржување семејни свечености и сл. К. Гр.