ЧАМЧЕ

„ЧАМЧЕ“ (Чифте чамче) – машко народно оро со држење на рацете за рамо, во метар 2/4 и 4/4, со елементи од турската орска традиција. Започнува бавно во неопределен ритам, со доста вртења на играорците околу својата оска, но и со потклекнувања и доскокнувања. ЛИТ.: Елзи Иванчиќ Дунин – Станимир Вишински, Ората во Македонија, Скопје 1995, 99. Ѓ. М. Ѓ. Љубомир Чапароски