ЧАМО, Едхем

ЧАМО, Едхем (Требиње, 30. ⅩⅠⅠ 1909 – Сараево 25. Ⅺ 1996) – ветеринар, редовен проф. на В. ф. во Сараево (од 1950), академик. Дипломирал на В. ф. во Загреб (1938), каде што се здобил и со степенот доктор на ветеринарна медицина (1948). Учесник е во НОБ од 1941 г. По војната врши низа одговорЕдхем Чамо ни општествено-политички функции. Бил прв декан на В. ф. во Сараево (реизбиран четири пати едноподруго), а на двапати бил ректор на Универзитетот во Сараево. Автор е на околу 60 трудови од областа на зоохигиената, објавени во нашава земја и во странство и на учебник по зоохигиена. Во трудовите ја обработува проблематиката на рентгенолошкото прикажување на деловите на домашните животни, влијанието на светлината врз млечноста на кравите, влијанието на микроклиматските услови врз порастот на пилињата, значењето на зоохигиенските фактори во сточарството, хигиенскиот квалитет на водите во планинските и низинските подрачја. За редовен член на АНУ-БиХ е избран во 1966 г., а бил и претседател на Академијата (1971–1977). Избран е за дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите и за член на МАНУ надвор од работниот состав (26. Ⅺ 1974). ИЗВ.: Билтен од Трето редовно изборно собрание на МАНУ, Скопје, декември 1974, 19–21. М. Пол.