ЧАКЕЉА, Михо

ЧАКЕЉА, Михо (Дубровник, 9. И 1909 – Скопје, 12. Ⅳ 1977) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград (1933). Освен педагошката работа, развил богата проектантска и урбанистичка активност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со графички дизајн. Позначајни реализации: зградата на Вакувската дирекција во Скопје; зградата на Електродистрибуција во Скопје. Го проектирал архитектонскиот дел на термо и хидроелектрани во Македонија. Од урбанистичкото проектирање поз-Михо Чакеља начајни дела му се: урбанистичкото решение за Културно-спортскиот центар „Сарај“ во Скопје (1949), Директивниот план на Гостивар, работнички населби на рудникот „Злетово“. Кр. Т. Антон Чакмаков ЧАКМАКОВ, Антон Митов