ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов

ЦУЦУЛОВСКИ, Љубомир Наумов (Битола, 1. Ⅸ 1948) – доктор по филозофија, универзитетски професор и публицист. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971), магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (1982), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Работел како асистент на Институтот (1973–1975), кога е избран за асистент на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за филозофија), каде што е редовен Љубомир Цуцуловски професор од 2002 г. Ги предава предметите: Увод во филозофијата, Филозофија на религијата, Филозофија, Увод во марксизмот, Историја на марксизмот. Бил раководител на Институтот за филозофија (1999–2004) и претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (2000–2004). Бил член на повеќе редакции на списанија, меѓу кои и на „Марксизам у свијету“ и „Социјализам у свету“, „Филозофија“ и др. Има објавено над 350 текстови од областа на филозофијата и публицистиката, во кои ги анализира битните филозофски, социјални и политички тенденции во современиот свет. БИБ.: Марксовиот концепт за човекот, трудот и отуѓувањето, 1981; Сведоштва и коментари, 1999; Политички сказни, 2002; Разни сказни, 2002. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 302. В. Панз. Ванчо Чавдарски