ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК

ЦРТЕЖОТ ВО ⅩⅩ ВЕК. Современиот македонски цртеж се појавува во периодот меѓу двете светски војни, едновремено со почетоците на современото сликарство и скулптура. Со него се занимавале пионерите на модерната (Д. А. Пандилов, Н. Мартиноски). Во повоениот период се актуализира особено од страна на членовите на групата Денес, развивајќи се понатаму како самостојна дисциплина со експресионистички, посткубистички или концептуални акценти. ЛИТ.: Борис Петковски, Аспекти на цртежот во Македонија (каталог), Скопје, 1967. З. Ал.-Б.