ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА

ЦРКВИШТЕ ДЕМИР КАПИЈА – една од најзначајните средновековни некрополи во поширокиот регион. Таа припаѓа на популацијата од градот Просек, сместен над Демиркаписката Клисура. Врз урнатините на ранохристијанската базилика била подигната средновековна црква со пространа некропола од повеќе стотини гробови. Гробовите се или слободно вкопани, обележани со по некој камен, ретко и дрвени штици или од типот цисти од камени плочи. Погребувањето е вршено според христијанските канони. Наодите на наушници и обетки, белегзии, прстени, дијадеми, ѓердани, приврзоци, крстови, синџирчиња, прапорци, токи и копчиња се датираат во времето од Џ-ⅩⅤ в. Значајни се и откритијата на монети, како средновековни, така и турски, со што се покажува континуитетот на оваа христијанска некропола и во турско време. ЛИТ.: Б. Алексова, Просек -Демир Капија, Т. И, Скопје – Београд, 1966. Ел. М. Аристократски, кружни наушници, Црквиште, Оризари, Кочанско (ⅩⅣ в.)