ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ

ЦРКВЕНИ ЛИВАДИ (с. Враништа) – наколна населба од енеолитскиот период, лоцирана на утоката на р. шум во Црни Дрим. Од материјалната култура – се откриени колци од платформите на кои се наоѓале куќите, груба сива керамика (тави за риба, долги кремени ножеви и стрелки, харпуни, шила и игли од рог на елен) карактеристична за рибарските населби. Наколната населба Црквени Ливади, Охридско ЛИТ.: Р. Пашиќ, Неолитски наоѓалишта во Охридско, „Лихнид“, И, Охрид, 1957; Еад., Заштитно ископавање на неолитском локалитету „Црквени ливади“ у Враништу код Охрида, „Старинар“, Ⅶ– Ⅷ, Београд, 1958, 233–234. Д. З.