ЦРЕШОВО ТОПЧЕ

ЦРЕШОВО ТОПЧЕ (1903) – дрвени топови (од комитетите на ТМОРО наречени пропагандни), изработувани непосредно пред и во текот на Илинденското востание. Димензии: должина од 80 до 150 цм, тежина 20–70 кг, калибарот, во зависност од муницијата, главно колку ѓуле од селски кантар или рачна бомба од битолската бомболеарница. Биле зацврстени со железни обрачи и поставувани на ногарки (лафет). Главни делови им биле: цевка, лафет, барутно полнење и фитил. Дострелот од 400 до 500 м. Огнената моќ по неколку успешни истрели. Во разни работилници биле направени 17 дрвени топови, од кои 10 во крушевската оружарница и во Селце. Четири топа биле запленети и однесени во Истанбул во чиј Воен музеј и денес се наоѓа ед-но црешово топче. ЛИТ.: Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија, Скопје, 2000. В. Ст.