ЦРВ, ДОЖДОВЕН

ЦРВ, ДОЖДОВЕН. (Лумбрицус террестрис Л.) – малучетинест црв. Должината на телото достигнува до 30 цм. Живее во подлабоките слоеви од тревници и обработливи почви, правејќи подземни ходници. Се храни со органски материи, преработувајќи ја земјата; значаен е за аерација и подобрување на почвата. Распространет е Дождовен црв во Северна и во Средна Европа. Кај нас се среќава ретко. За разлика од него, видот Лумбрицус рубеллус Хофф. е помал (12 цм), има црвеникаво темна боја и е чест во Македонија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.