ЦРВЕНОВ, Марин

ЦРВЕНОВ, Марин (Велес, 3. Ⅱ 1945) – балетски играч и педагог. Својата балетска наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на Р. Пакашки. Престојува на специјализација во Москва (1975–1977). Првенец на Балетот при МНТ (1962–1990). Играч со сигурен и хармоничен танц во креирањето на улогите и како партнер. Покрај со танчарство, се занимава и со педагошка дејност, а делумно и со кореографија. шеф на Балетот при МНТ (1977–1979). УЛОГ: Ромео (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“), Базил (Л. Минкус, „Дон Кихот“), Алберт (А. Адам, „Жизел“), Зигфрид (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“) и др. Ем. Џ.