ЦОНЕВ

ЦОНЕВ
се разделнополови животни што раѓаат живи млади (со исклучок на працицачите). Благодарение на способноста за регулирање на телесната температура, успеале да ги населат сите животни средини на земјата. Денес класата цицачи брои околу 4.000 видови распределени во 3 поткласи: працицачи или јајценосни цицачи (Монотремата), најпримитивни современи цицачи претставени со само 5 вида, ограничени на австралискиот континент; претцицачи или торбари (Марсупиалиа), претставени со вкупно 200 вида, распространети во Австралија и Јужна Америка и поткласата на вистински или плацентални цицачи (Плаценталиа), која опфаќа 17 редови и тоа: инсектојадни цицачи (Инсецтивора), кожокрилни (Дермоптера), лилјаци (Цхироптера), неполнозаби (Едентата), панголини (Пхолидота), зајакообразни цицачи (Лагоморпха), глодари (Родентиа), китови (Цетацеа), ѕверови (Царнивора), перконожни (Пиннипедиа), цевкозаби (Тубулидентата), слонови (Пробосцидае), пештерници (Хѕрацоидеа), сирени (Сирениа), непарнокопитни (Периссодацтѕла), парнокопитни (Артиодацтѕла) и примати (Приматес). Во Македонија се регистрирани вкупно 82 вида од следниве 6 реда плацентални цицачи: инсектојадни цицачи (11 вида), лилјаци (24), зајакообразни цицачи (2), глодари (26), ѕверови (13) и парнокопитни цицачи (6).
ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; Б. Крѕстуфек,
В. Вохралик, Ј. Флоусек, С. Петковски, Батс (Маммалиа: Цхироптера) оф Мацедониа, Ѕугославиа, во:
И. Хорацек, В. Вохралик (едс.), Прагуе Студиес ин Маммалогѕ, Праха, 1992, 93–111; Б. Крѕстуфек –С. Петковски, Аннотатед Цхецклист оф тхе Маммалс оф тхе Републиц оф Мацедониа, „Боннер зоологисцхе Беитраге“, 51 (4), Бонн, 2002, 229–254;
Б. Крѕстуфек – С. Петковски, Маммалс оф Мацедониа -Цуррент Стате оф Кноњледге, Аннив. Процеед., Еигхтѕ ѕеарс оф ацхиевемент бѕ тхе Мацед. Мус. оф Нат. Хѕст., Скопје, 2006, 95–104; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер,
М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В. Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид.

Ѓоре Цонев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *