ЦОНЕВ, Ѓоре

ЦОНЕВ, Ѓоре (Радовиш, 31. И 1955) – дипломиран инженер по физика и астроном. Тој е долгогодишен раководител на единствениот Планетариум во Република Македонијаво рамките на Младинскиот културен центар – Скопје (1980-) и раководител на истражувачките проекти „Астрономија на македонскиот народ“ (1982-), „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во Република Македонија“ (2002-), „Археоастрономска и етноастрономска база на податоци на Република Македонија“ (2006-) и проектот „Номинација на Мегалитската опсерваторија Кокино на Листата на светското наследство на УНЕСКО“. Избран е за прв асистент по предметот Астрономија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје (2008). Главен и одговорен уредник е на списанието на младите истражувачи „Активус“ (2004-) и на месечното списание за астрономија „Вселена“ (2007-). БИБ.: Астрономија, Скопје, 1986; Ѕвездена карта на Македонскиот народ, МКЦ Планетариум, Скопје, 2000; Мегалитска опсерваторија во Кокино, „Музејски гласник“, бр. 7-9, Куманово, 2002; Небото над Македонија, Скопје, 2004; Глобална заштита на Земјата, Скопје 2005; Кокино Анциент обсерваторѕ, каталог, Куманово, 2005. С. Мл.