ЦИПОКРИЛЦИ

ЦИПОКРИЛЦИ (Хѕменоптера) –
инсекти со два пара ципести крилја со карактеристична нерватура, по што го добиле името. Имаат устен апарат што е приспособен за лижење. Пос

тојат два вида
Ципокрилец
ларви, според кои се разликуваат два подреда: растителни оси (Сѕмпхѕта), имаат ларви со развиени ножиња и оси боцкалки (Апоцрита), чии ларви се црвовидни, без нозе. Сите ципокрилни инсекти, освен паразитските видови, се хранат со цветен прав, со нектар или се грабли
ви. Познати се околу 100.000 видови. Во Македонија се регистрирани 264 таксони од кои, 2 се ендемични (Тентхредопсис мацедоница Цинговски, 1958 и Емприа атрата Цинговски, 1958).
ЛИТ.: Цинговски, Ј., Зњеитер беитраг зüр кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В(10/51): 163-176; Јонче Чинговски, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера), Фауна на Македонија Ⅵ, Приро
донаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *