ЦИКЛЕВ, Глигор

ЦИКЛЕВ, Глигор (с. Горни Стибол, ПробиШтипско, ? – ќустендил, 1941) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна со својата чета го ограбувал населението во источниот Вардарски дел на Македонија. Во 1922 г. ја напуштил ВМРО и се приклучил кон МФРО. Во 1923 г. преминал во Вардарскиот дел на Македонија и соработувал со властите на Кралството на СХС во борба против четите на ВМРО. Бил ликвидиран од бугарските власти во ќустендил. ЛИТ.: Славе ИвановÍ, ТодорÍ АлександровÍ и македонското освободително движение, Виена, 1924; Златна книга. 100 години ВМРО, Скопје, 1993. З. Тод.