ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА РАДИОИЗОТОПИ ВО НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО

ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНА НА РАДИОИЗОТОПИ ВО НАУКАТА И СТОПАНСТВОТО – СКОПЈЕ – формиран е во 1964 г. за потребите на науката и стопанството и функционира до 2003 г. кога паѓа во стечај. Во лабораториите имало опрема за спектроскопија и за следење на радиолошката состојба на околината, во значителен дел обезбедена од Меѓународната агенција за атомска енергија. Центарот работел главно на изучувањето на хидрологијата и следењето на загаденоста во РМ, како и на примени поврзани со електрохемијата и заштитата од корозија, и со контрола на квалитетот на материјалите. В. Ур.