ЦЕКИЌ, Душан

ЦЕКИЌ, Душан (псевд. Лешак) (Лесковац, 28. Ⅱ 1878 – Скопје, 5. И 1939) – социјалистички деец. Во 1909 г. ја основал и бил секретар на скопската Социјалдемократска организација. Во 1910 г. учествувал на Првата социјалистичка конференција во Белград. Во 1919 г. е областен секретар на КПЈ за Македонија, а во 1920 пратеник во Парламентот. По забраната на КПЈ работел во Виена на извршување партиски задачи. ЛИТ.: Хронологија радничког покрета и СКЈ 1919–1979, Београд, 1980; Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.