ЦВЕТНИЦИ

ЦВЕТНИЦИ – христијански православен празник што се чествува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и народот береле цвеќе и врбови гранки од дрвјата и со нив и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Познат е и како Цветоносна недела или Врбица. Се празнува во неделата пред Велиг„Влегувањето во Ерусалим“, детаљ од фреска црквата „Св. Ѓорѓи“, с. Курбиново, Преспанско (1191) ден. На овој ден се оди в црква, се носи цвеќе што се остава на иконите и некои од верниците се причестуваат. Во текот на овој и во претходниот ден групи девојки одат по патиштата и домовите и пеат лазарски песни, кои се слични или исти со водичарските, за секое лице во семејството посебна песна. Се пее за среќа и напредок пред сè на поединецот, а потоа и на заедницата. ЛИТ.: СборникÍ отÍ бÍлгарски народни умотворения, част трета, отделÍ И и Ⅱ, БÍлгарски обичаи, обряди, суеверия и костÓми, книга Ⅶ, сÍбрал и издава К. А. шапкарев, София, 1891; Блаже Ристовски, Кон проучувањето на македонските лазарски народни песни, „Македонскиот фолклор и националната свест“, И, Скопје, 1987, 51; Панајот Ѓиноски. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски, Скопје, 1995; Свето писмо на Стариот и Новиот завет, Скопје, 1990. М. Кит. Јован Цвииќ