ЦВЕТКОВ, Љубомир

ЦВЕТКОВ, Љубомир (Охрид, 1938) – технолог, унив. професор. Дипломирал на Технолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб (1962), магистрирал и потоа докторирал (1979) на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, каде што е вработен од 1970 г., а како редовен професор од 1988 г. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во долг период. Подрачја: технологија на прехранбени производи и конзервирање и амбалажа; изолирање и пречистување на компоненти од растенијата. Автор е на учебници за средно и за високо образование и на научноистражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ“ бр. 533, од 26 Ⅲ 1990 г., стр. 43; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 81. Св. Х. Ј.