ЦВЕТКОВСКА, Маја

ЦВЕТКОВСКА, Маја (Скопје, 1947) – технолог, унив. професор. Дипломирала (1972) и докторирала (1982) на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Технолошкиот факултет во Загреб (1975). Била на студиски престои во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1975 г., а како редовен професор од 1993 г. Била продекан на Факултетот и главен уредник на сп. „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“. Меѓународен експерт за селекција и евалуација на научноистражувачки проекти. Подрачја: синтеза, модификација, структура и својства на полимери, полимерни влакна и електроспроводливи полимери. Автор е на научни трудови, учебници и помагала и на научноистражувачки проекти. Св. Х. Ј. Надежда Цветковска