ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов

ЦВЕТАНОВ, Владимир Стефанов (Скопје, 28. Ⅷ 1935) – спец. Владимир Цветанов по медицина на трудот (1967), алерголог и клинички имунолог (1984), редовен проф. на Мед. ф. Медицинските студии ги завршил во Скопје (1961), магистрирал во Загреб (1970), а докторирал во Скопје (1979). Супспецијалист по алергологија и пулмологија (1993). Основоположник е на Институтот за медицина на трудот при Здравствениот дом во Скопје (1972) и негов раководител до пензионирање (2000). Објавил 207 стручни трудови. Уредник е на 7 книги од областа на јавното здравство, професионалните и алергиските болести. БИБ.: Базични принципи за спроведување на алергиска специфична имунотерапија, Скопје, 2001; коавтор: Здравствена состојба и работна способност, Скопје, 1989; Социјална медицина – Хеалтх Промотион, Учебно помагало, Скопје, 1995; Алергиски болести – лекување, Скопје, 1998; Алергиските болести во Р. Македонија, Скопје, 2006. Д. Д. ЦВЕТАНОВСКИ, Владо (с. Слоешница, Демирхисарско, 7. Ⅵ 1959) – режисер. Дипломирал на Отсекот за театарска режија на Академијата за уметности во Но-ви Сад (1983). Апсолвирал и на Филозофскиот факултет на Групата по историја на уметноста и археологија (1980). Од 1984 г. е асистент, а од 2000 и доцент по предметот актерска игра на ФДУ во Скопје. Кратко време (20002001) е управник на МНТ. Владо Цветановски Режии: „Пеш“, „Кланица“, „Југословенска антитеза“, „Подземна република“, „Опера за три гроша“, „Мајсторот и Маргарита“, „Полковникот птица“, „Хамлет“, „Еригон“ и др. Р. Ст.