ЦАРКЊАС, Никодим

ЦАРКЊАС, Никодим (с. Сжботско, Егејскиот дел на Македонија, 1942) – архимандрит, национален деец. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Атина (1987). Поради македонската национална дејност повеќе пати бил апсен, а леринскиот владика го расчинил (1981). Наредната година бил примен во служба во Митрополијата во Кукуш (1982), а потоа кукушкиот митрополит го назначил за претставник во градот Агиос Атанасиос (1983). Го издавал в. „Меглен“, но по интервенција на грчките политичари, било забрането натамошното излегување. По расчинувањето од Грчката православна црква (1993), 13 пати бил осудуван за носењето на свештеничката мантија. Потоа го прифатила МПЦ со служба во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Кучково, Скопско. Ја изградил црквата „Св. Злата Мегленска“ во родното село (2001), каде што одржувал богослужба на македонски јазик, поради што грчките власти го осудиле на три месеци затвор, за што се жалел и до Европскиот суд за човековите права во Стразбур. С. Мл.