ЦАРА, Дервиш

ЦАРА, Дервиш (Дервисх Цара) (с. Палчиште, Тетовско, кон почетокот на ⅩⅠⅩ в. – Солунски затвор, по 1844) – управник на Џеладинбег во Гостивар и водач на востание на албанското население против османлиската власт (ноември 1843 – 26. Ⅴ 1844). Востанието избило како резултат на бавните и недоволни реформи во системот на феудалните институции во времето на танзиматот, започнати со Ѓулханскиот хатишериф (3. ⅩⅠⅠ 1839). Востаничките дејства започнале во Гостивар, каде што тој бил управник и заменик на Џе-ладин-бег. По задушувањето на Востанието бил заробен и во затворот му се губи трагата. ЛИТ.: Креѕенгритја е Дервисх Царес, перктѕес Лутфи Руси, Схкуп, 1985; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅳ, Буни и востанија, Скопје, 1983, 783–805. С. Мл. Цареви Кули, Струмица