ЦАНЕВ, Борјан

ЦАНЕВ, Борјан (Скопје, 1. Ⅺ 1973) – диригент. Во 1997 г. дипломирал диригирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. Ф. Муратовски), магистри-Ц рал на Софиската музичка академија, и специјализирал на Кралскиот колеџ во Лондон. Од 1993 г. е ангажиран како постојан диригент во Македонската филхармонија, изведувајќи симфониски и камерни дела од класичниот и домашниот репертоар. Соработува и со ансамблот на Операта на МНТ (Дон Жуан, Волшебната флејта, Травијата). Гостувал во Хрватска, Англија, Бугарија. Ф. М. Фијат Цаноски