ХУСТЕД, Фридрих

ХУСТЕД, Фридрих (1886–1968) – најпродуктивниот и највлијателниот дијатомолог на ⅩⅩ в. Неговата работа е основа за модерната таксономија на дијатомеите. Има објавено еден труд за балканскиот регион, во кој се анализирани дијатомеите на Охридското и на Преспанското Езеро, изворите на реката Бабуна и на Катлановското Блато. Опишува поголем број видови, нови за науката во Македонија (пр. Селлапхора бациллоидес). Св. К. Благој Цанев