ХУСЕИН, Екрем

ХУСЕИН, Екрем (Скопје, 6. Ⅲ 1943) – балетски играч и кореограф. Балетската наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов и Р. Пакашки. Солист на Ба-Екрем Хусеин летот при МНТ и еден од најистакнатите уметници во ансамблот (1960-1990). Уметник со особена естетика, препознатлива во секое движење, гест и танц. Освен кон танчерството, покажува голем интерес и кон кореографската дејност. УЛОГ: Меркуцио (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“), Па д де (А. Адам, „Жизел“), шут (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“) и др. КОРЕОГРАФИИ: „Адаџо“ (Т. Албинони), „Карамита“ (Љ. Бранџолица) и др. Ем. Џ.