ХРИСТОВ, Христо ќиров

ХРИСТОВ, Христо ќиров (Битола, 30. Ⅹ 1927) – спец. по ОРЛ, примариус и виш здравствен советник. Медицина завршил во Белград (1952), а ОРЛ специјализирал во Загреб и Скопје (1957). Веднаш потоа го отворил првото ОРЛ одделение во внатрешноста на Македонија (Битола, 20. Ⅺ 1957), во кое работел до пензионирањето (1987). П. Б.