ХРИСТОВ, Тале

ХРИСТОВ, Тале (Прилеп, 29. Ⅵ 1880 – месност Студена Ливада, с. Беловодица, Прилепско, 19. Ⅶ 1903) – учител, прилепски реонски војвода. Се школувал во Прилеп и во Битола. Бил член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890) во Битола, учител во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп, каде бил член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Загинал во судир со османлиски војски. ЛИТ.: Г. Тра®чев, Гр. Прилеп. Историкогеографски и стопански преглед, Софи®, 1925; В. и Ј. Караџоски, Тале Христов 1903–2003, Прилеп, 2003. Ал. Тр.