ХРИСТОВ, Стојан

ХРИСТОВ, Стојан (с. Кономлади, Егејска Македонија, 15. Ⅷ 1897 – Томпсон Хаус, Вест Довер, САД, 24. И 1996) – американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор од македонско потекло. Во 1911 емигрирал во Америка. Првин работел како физички работник. Дипломирал на Универзитетот „Валпараизо“, Индијана. Работел како новинар и уредник на неколку весници во Чикаго. Бил специјален дописник од Балканот за чикашкиот весник „Дејли њуз“ (1927–1929). Со прекини работел како слободен писател во Њујорк (1929–1941). Бил аналитичар и предавач во Одделот за воени известувања во Пентагон (1942– 1944). Во 1952–1953 престојувал на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение (НАНА). Во 1953 тој со сопругата Маргарет Вутерс Халовел престојувал во РМ, по покана од Лазар Колишевски и Матицата на иселениците на Македонија. Бил сенатор на државата Вермонт (1964-1973), при што вршел и повеќе опшествено-хуманитарни функции. Во 1985 повторно престојувал во РМ, кога му била доделена академската титула „Почесен доктор по филолошки науки“ на Универзитетот во Скопје и бил избран за дописен член на МАНУ. Тогаш во Друштвото на писателите на Македонија е формирана фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. По смртта во 1995 г. дел од неговата архива била подарена на МАНУ. Неговото богато творештво опфаќа околу стотина раскази, книжевно-историски и мемоарски написи и романи. Неговата слава до-аѓа главно од неговите романи со македонско-американска тема: „Мара“ (1937), „Ова е мојата татковина“ (1938), „Мојот американски аџилак“ (1947) и „Орелот и штркот“ (1976). Со тема од Епир и за турското владеење на Балканот е романот „Лавот од Јанина“ (1941). Автор е и на хронологијата за настаните во Македонија од Илинденското востание до триесеттите години „Херои и атентатори“ (1935). Д. Цв.