ХРИСТОВ, Никола

ХРИСТОВ, Никола (Кавадарци, 09. ⅩⅠⅠ 1930 – Скопје, 4. Ⅳ 2004) – лекар, унив. професор. Завршил Медицински факултет во Скопје (1956). Специјализирал интерна медицина (1965) и спортска медицина (1969) и станал примариус Никола Христов (1974). Одбранил докторска дисертација на Медицински факултет во Ниш (1980) на тема: „Физички развој и функционалне и физичке способности и њихова узајамна повезаност код спортиста СР Македоније“. Тој е еден од основоположниците на спортската медицина (1957). Работел во Здравствената станица во селото Ракотинци, Здравствениот дом во Скопје – началник на Одделението за спорт-ска медицина (од 1965), управник на Заводот за спортска медицина во Скопје (1973–1993) и редовен професор на предметот Биологија на развојот на човекот со спортска медицина на Факултетот за физичка култура во Скопје (1993– 1996). Овој наставен предмет хонорарно го предавал во Средното фискултурно училиште и Вишата школа за физичка култура во Скопје (1951–1980). Бил истакнат општествен работник, пратеник во Собранието на СР Македонија и претседател на Социјално-здравствениот собор (1969–1973). Објавил повеќе стручни и научни трудови и е добитник на општествени признанија. Н. Т. Павел Христов