ХРИСТОВ, Димитар

ХРИСТОВ, Димитар (Битола, 17. ⅩⅠⅠ 1938 – Битола, 2009) – режисер. Дипломирал режија на Театарската академија во Љубљана (1963). Работел во Народниот театар во Битола (1963-1968). Од 1968 г. е режисер во Македонската радио-телевизија. Режирал во сите театри низ Македонија. РЕЖИИ: „Со сила лекар“; „Тартиф“; „Разбојници“; „Едип“; „Отело“; „Федра“; „Лиситрата“; „Електра“; „Антигона“; „Жорж Данден“ и др. Р. Ст.