ХРИСТОВ, Александар Т

ХРИСТОВ, Александар Т. (Неготино, 24. Ⅶ 1914 – Скопје, 2. Ⅷ 2000) – универзитетски професор, академик. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939) и на истиот докторирал на тема „Борбата на македонскиот народ за создавање на своја држава“ (1954). Еден од основачите на Правниот факултет во Скопје и основоположник на предметот Управно право. Избран за дописен (1979), а потоа и за редовен член на МАНУ. Бил помошник на јавниот обвинител на Македонија, помошник на јавниот обвинител на Југославија, пратеник во Собранието на СФРЈ, директор на Институтот за национална историја во Скопје, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје и декан на Правниот факултет во Скопје (1969/70–1970/ 71). Објавил неколку учебници и голем број научни трудови од областите на управното право и македонската национална историја. БИБ.: Управно право, Скопје, 1958; Создавање на македонската држава 1893– 1945, Скопје, 1971; Создавање на македонската држава 1878–1978, 1–4, Скопје, 1985. ЛИТ.: Правен факултет – педесет години, 1951–2001, Скопје, 2001. Св. ш.