ХРИСТОВСКИ, Дамјан

ХРИСТОВСКИ, Дамјан (Скопје, 15. Ⅸ 1945 – ?, 14. Ⅵ 2006) – редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 1970 г., а во 1981 магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, додека во 1991 г. докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1971 г. се вработил во Електромашинскиот училиштен центар, а во 1975 бил избран за асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 2000 г. бил избран за редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје. М. Чунд.