ХРИСТИЌ, Стеван

ХРИСТИЌ, Стеван (Белград, 19. Ⅵ 1885 – Белград, 21. Ⅷ 1958) – композитор и диригент. Меѓу неговите музичко-сценски творби се издвојува балетот „Охридска легенда“ (1947, доработен 1958 г.). Влијанието на руската „опера-бајка“ и пред с“ на рускиот балет се очигледни во ова дело, кое изобилува со елементи на музичкиот фолклорен идиом, посебно на македонскиот. Во атмосфера на впечатливи и светли оркестарски бои, жива ритмика и инвентивна мелодика, како своевидни лајт-мотиви низ балетот се провлекуваат македонските народни песни „Билјана платно белеше“ и „Пушчи ме“. Б. Орт.