ХРИСИК, Таки

ХРИСИК, Таки (Крушево, 27. Ⅸ 1920 – Скопје, 15. Ⅺ 1983) – композитор и хорски диригент. Музика учи кај австрискиот композитор и диригент А. Храше, а му-зичкото образование го дооформува по Ослободувањето во Скопје. Потоа заминува во Битола, кадешто работи како наставник по музика во Учителската школа и во Гимназијата. Во меѓувреме работи и како диригент на хорот „Стив Наумов“. Б. Орт.