ХОЏА, Мируше Мемедали

ХОЏА, Мируше Мемедали (Скоп-Хорот на Македонското радио на гостувањето во Софија (1946) је, 19. Ⅸ 1969) – унив. професор, Мируше Мемедали Хоџа педагог, преведувач и научник. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност и италијански јазик. По дипломирањето извесно време би-ла ангажирана како соработник во културната рубрика во Албанската редакција во МТВ. Во дневниот печат објавила повеќе критички осврти во врска со театарските претстави на Албанската драма во Скопје. Магистрирала со трудот „Транскултурализмот во теа-тарот Один на Еуџенио Барба“ на Загрепскиот универзитет. Докторирала на истиот универзитет. Како доцент е ангажирана на Катедрата за албански јазик и книжевност, каде што ги предава предметите Морфологија на албанскиот јазик, Контрастивна анализа и Цивилизација и култура. Во својство на координатор, таа е ангажирана во обуката на преведувачите и толкувачите во јавната администрација во РМ. Во 2006/7 г. беше на студиски престој во Ница, Франција, каде што се стекна со уште еден магистериум. А. П.