ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО ВАРДАР , ЗАГРЕБ

ХОР НА КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНОТО ДРУШТВО „ВАРДАР“, ЗАГРЕБ – хорски ансамбл, составен од македонски студенти на Универзитетот во Загреб. Диригент бил Александар Глигориевиќ-Линин. Хорот го сочинувале 28 организирани млади комунисти. Покрај хорското пеење, на часовите се одржувале и партиски состаноци, каде што се проучувала литературата за напредните движења во светот. Во текот на јули 1936 г. овој хорски ансамбл организирал концертна турнеја низ Македонија, кога приредил концерти во: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Радовиш и Струмица, со револуционерен и уметнички репертоар. Турнејата што била планирана низ Западна Македонија, била забранета од власта во тогашна Јужна Србија. На концертите настапувале: сопранот Христина Татарчева, солистот на Хрватското народно казалиште во Загреб, тенорот Ратимир (Ратко) Делорко, а од Скопје како гости Илија Џувалековски и Петре Богданов-Кочко. Во уметничкиот репертоар биле застапени дела од: Александар Глигориевиќ-Линин, Стефан Гајдов, Иван Зајц и Антонин Дворжак. Револуционерниот репертоар бил составен од неколку масовни песни и хорски рецитации. Хорскиот ансамбл често настапувал на Радио Загреб, но поради големата политичка активност, полицијата го забранила (1937) Лист од Хлудовиот (Лобковиот) паримејник Депортација на Евреите од Македонија (1943) Хорот на Културно-просветното друштво „Вардар“, Загреб неговото дејствување. Меѓу хористите се наоѓаа неколкумина од идните политичари што учествуваа во Народноослободителната борба и во создавањето на македонската држава. Меѓу нив се: Бо-то Џони, Кирил Миљовски, Ване шкартов, Благоја Васков, Борис Рибаров, Спиро Настиќ-Калински, Ванчо Бурзевски, Диме Москов, Симеон Татарчев, Ацо Димитровски, Страшо Пивков, Илија Пиперков, Славе Попе, Лазар Соколов, Митко Теохаров, Киро Џонов и др. Ј. Т.