ХОРВАТ, Иво

ХОРВАТ, Иво (1897–1963) – хрватски ботаничар, основач на загрепската фитоценолошка школа. Дипломирал и докторирал (1920) на Филозофскиот факултет во Загреб и веднаш бил вработен. Бил избран за професор по Систематика на растенијата и Геоботаника (1940). Од 1947 г., па до крајот на животот бил шеф на Заводот за ботаника на Ветеринарниот факултет во Загреб. Хорват се посветил на фитоценолошките истражувања и картирање на вегетацијата на Балканскиот Полуостров. Ги истражувал високопланинските пасишта на планините на Македонија (1935– 1939). Заедно со Х. Ем изработил вегетациска карта на Пелистер (1946). Неговите истражувања се објавени посмртно во епохалното дело Вегетатион Судостеуропас 1974 (со соработници). Р. Р. Активисти на хортикултурното здружение