ХОМАТИЈАН, Димитриј

ХОМАТИЈАН, Димитриј (ок. 1165–1234) – хартофилакс (ок. 1200–1217) и архиепископ (1217– 1234) на Охридската архиепископија, каноник и писател. Поборник на агресивната политика на Теодор И Ангел (1214–1230), кон Латините и Никејците. Се грижел за правата и за привилегиите на Охридската архиепископија. Бил противник на осамостојувањето на српската црква. Оставил богата збирка документи. Напишал Кратко житие на Климент Охридски. ЛИТ.: Г. Принзинг, А Љуаси Патриарцх ин тхе Стате оф Епирос: Тхе Аутоцепхалоус Арцхбисхоп оф „Булгариа“ (Охрид) Деметриос Цхоматенос, ЗРВИ 41, 2004. К. Аџ.