ХОЛОКАУСТ

ХОЛОКАУСТ – геноцидот над Евреите од Македонија (1943). Во привремениот логор во Монополот во Скопје биле собрани Евреите од сите градови на Македонија (7.145). Оттаму со железнички композиции од товарни вагони биле транспортирани (11. Ⅲ 1943) во логорот на смртта Треблинка во Полска, каде што веднаш биле и убивани. Никој од македонските Евреи не ја преживеал депортацијата. До почетокот на април 1943 г. биле уништени 98% од македонските еврејски заедници. ЛИТ.: Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.