ХЛУДОВ

ХЛУДОВ (ЛОБКОВСКИ) ПАРИМЕЈНИК – пергаментен кирилски ракопис од ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в. Пишуван е од македонскиот книжевник Никола Брата во времето на византиските цареви Андроник Ⅱ Палеолог и неговиот син Михаил Ⅸ (помеѓу 1294-1320). Содржи 171 лист. Се наоѓал во ракописната збирка на А. И. Лобков, поради што во славистичката наука е познат како Лобковски паримејник. Сега се чува во ракописната збирка на Хлудов (бр. 142) во Државниот историски музеј во Москва. Ракописот претставува значаен извор за проучувањето на историскиот развој на македонскиот книжевен јазик. ЛИТ.: Своднѕј каталог славџно-русских рукописнѕх книг, хранџќихсџ в СССР, Ⅺ–ⅩⅤⅠⅠⅠ вв., Москва, 1984, Но 464, 359–360; З. Рибарова, Јазичните карактеристики на Лобковскиот (Хлудов) паремејник, зб.: Кирило-методиевскиот (старословенскиот) период и кирилометодиевската традиција во Македонија, Скопје, 1988, 119–126; Хр. Тончева, За нџкои палеографски особености на Лобковскиџ (Хлудовиџ) паримејник – средно-бљлгарски паметник от краџ на ⅩⅤⅠⅠⅠ – на=алото на ⅩⅣ век, „Старобљлгаристика“, 1995, 2, 45–56; Мито Миовски, Хлудов паримејник. Лингвистичка анализа, Скопје, 1996. Ѓ. П. Ат.