ХЛАПЕН, Радослав

ХЛАПЕН, Радослав (ⅩⅣ в.) – благородник, војсководец на Стефан Душан, самостоен владетел во Југозападна Македонија, господар на Бер и на Воден со околните краеви. Се издигнал и се осамостоил по смртта на царот Стефан Душан (1355). Ги владеел териториите од Селечка Планина, на север, до границата на Тесалија, на југ, на запад до Костур, а на исток до р. Вардар. Одржувал добри односи со северните соседи, со кралот Волкашин и со син му Марко, кој бил негов зет, оженет со ќерка му Елена. ЛИТ.: Х. Матанов, Радослав Хлапен соувераин феудал ен Мацедоине меридионале дурант ле троисиеме љуарт ду ЏИВЕ сиецле, ЕБ ⅩⅠⅩ/4, 1983. К. Аџ.