ХИНИ, шејмас

ХИНИ, шејмас (Мосбон, Северна Ирска, 8. Ⅶ 1939) – ирски поет, есеист и преведувач, добитник на Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987) и Привиденија (1991). Пишувал и есеи. Во 2001 г. го добил Златниот венец на СВП. ЛИТ.: Б. Ѓузел, Веродостојноста на поезијата, „Поезија“, СВП, Струга, 2001. П. Гил.