ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД

ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД – ОХРИД. Проучувањето на лимнолошката проблематика на Охридското Езеро се бележи во трудот на Стеиндацхнер Ф.,1892: Убер еиниге неуе унд селтене Фисцхартен усњ. Денксцх. Акад. Њисс., Њиен., матх. натурњисс. КЛ, 59, 357–384. Првото доаѓање на С. Станковиќ (1892– 1974), во 1922 г. во Охрид, во суштина претставува почеток на организирано истражување на Охридското Езеро и на неговиот жив свет. Тој редовно доаѓал секое лето во Охрид, освен во текот на Втората светска војна и вршел истражувања врз езерото, во соработка со поголем број домашни и странски познати хидробиолози. Во 1932 г. ја објавил првата синтеза за Охридското Езеро и за неговиот жив свет под наслов: Дие Фауна дес Охридсеес унд ихре Херкунфт. Арцх. Хѕдробиол. 23: 557-617. Тој е основоположник на Хидробиолошката станица во Охрид со мрестилиште, денес позната како Хидробиолошки завод, која започнала со работа во 1935 г. и е прва од таков вид на Балканскиот Полуостров. Со натамошни истражувања и со големиот број добиени резултати од С. Станковиќ, во Скопје излегува втора монографија за Охридското Езеро, на српски јазик (1957). Таа излегува и на македонски јазик (1959), а во 1960 г. е подготвена во соодветен облик за строго научна употреба и излегува на англиски јазик во Хаг во Холандија кај Уилгеиериј др. Њ. Јунк, Ден Хааг Монограпхиае. Со основањето на Хидробиолошката станица се создадени услови за систематско и континуирано проучување на Езерото и на неговиот жив свет, а во 1979 г. Езерото беше внесено во Регистарот на светското природно богатство (Ј. Серафимова–Хаџишче, 1985 г., Охрид.) По ослободувањето на Охрид (7 ноември 1944), отпочнува новиот развој на станицата односно на Хидробиолошкиот завод. Статусот на Хидробиолошката станица како научна установа е утврден од страна на Президиумот на АСНОМ, со акт бр. 64 од 4. Ⅺ 1944. ЛИТ.: Библиографски податоци за Охридското Езеро, Приредиле В. Новевска, Д. Ѓоргоноска, Т. Наумоски, В. Митиќ, „Посебни изданија“, 2, Хидробиолошки завод, Охрид, 1985; Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество (Книга на апстракти), Охрид, 25–29. Ⅹ 2003; Ј. Серафимова-Хаџишче, 50 години живот и работа на Хидробиолошки завод од Охридскиот хидробиолошки завод, Јубилејно издание, кн. 1, Охрид, 1985, 9–75; С. Станковиц, Дие Фауна дес Охридсеес унд ихре Херкунф, „Арцх. Хѕдробиол.“, 23, 1932, 557–617; С. Станковиќ, Охридско језеро и нјегов живи свет, Скопје, 1957; С. Станковиќ, Охридското Езеро и неговиот жив свет, Скопје, 1959; С. Станковиц, Тхе Балкан Лаке Охрид анд итс ливинг њорлд, Монограпхѕае Биологицае, Вол.9, Хааг, 1960; С. Станковиќ, Енцикликлопедија Југославије, т. 5, Загреб, 1955- 1971, 12. М. Т.