ХЕРАКЛЕЈА

ХЕРАКЛЕЈА ЛИНКЕСТИС (Херацлеа Лѕнцестис) – античка градска населба лоцирана на јужната периферија на денешниот град Битола. Основан од Филип Ⅱ (според Ф. Папазоглу) во средината на Ⅳ в. пр. н.е., како важен стратешки пункт за заштита на севе-Дел од археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис ените покраини или, според други научници, од Филип В– како дел од неговите дејства во Втората македонско-римска војна (200– 197). Името Хераклеја се спомнува кај Стефан Византиски (кој информира дека градот го подигнал Филип, синот на Аминта) и кај Демостен (Пхил. И, 48). Според материјалната култура (монети, теракоти, керамика, неколку гробови всечени во карпа, на северната падина под акрополата), животот на градот е датиран околу 200 г. пр. н.е., односно во времето на Филип В, а првиот сигурен податок за градот потекнува од Страбон (Ⅶ, 323), кој го презел од Полибиј. И Клаудиј Птоломеј, кога зборува за Македонија, ја споменува Лѕнцестиа со градот Херацлеа (Птол., Ⅲ, 12, 30). Со римската окупација на Македонија, Хераклеја Линкестис влегла во четвртата мерида и претставувала патна станица на Виа Егнатиа (Стр. Ⅶ, 323; Цаесар, Де белло цивили, 79, 3), а е забележана и во Итинерариум Антонини (318, 4; 319, 1-3; 329, 10), Итинерариум Бурдигаленсис (606, 4-9), Табула Пеунтингериана и кај географот Равен-ски. Најстарата населба, претпоставениот кастел изграден од Филип В, се наоѓала на ритчето северно од досега откопаниот комплекс на градот и подоцна била инкорпорирана во римскиот град. Според епиграфските споменици, градот бил административно уреден со градски совет и со различни магистратури, а жителите со римско граѓанско право биле запишувани во трибата Фабиа. Дел од најраните урбани делови во Хераклеја се откриени под епископскиот комплекс и базиликите, каде што се пронајдени остатоци од градскиот плоштад и од термите, а на ова урбано јадро му припаѓа и театарот. На северниот анекс од плоштадот се наоѓал портик (И – почеток на Ⅱ в.) со правоаголна форма, каде што долж западниот и северниот ѕид стоеле статуи со претстави на императори, граѓани од високите општествени слоеви и претстави на божества, додека делот од откриената површина на термите ги вклучува сите простории што се неопходни за јавен објект од овој тип (фригидариум, тепидариум, цалдариум и праефурниум). Театарот бил лоциран над централното градско јадро, искористувајќи ја падината на ридот. Изграден според пропозициите на римските театри, тој можел да собере до 2.400 гледачи. Во Ⅳ в. престанал да се користи и прераснал во мајдан за градежен розападната граница на новоосво-Детали од мозаикот во Големата базилика во Хераклеја Линкестис Амфитеатарот во Хераклеја Линкестис материјал. Во доцноантичко време просторот на градот бил намален, што се потврдува и со материјалните наоди (Базиликата Д-еџтра мурос и градската вила), и зафаќал простор од 5 ха, а бил опкружен со одбранбени ѕидини кои на одредени места биле зајакнати со кули. Овие интервенции се резултат на постојаните напади од страна на Готите (472 и 479 г.). Во овој период градот прераснал и во епископско седиште, а неговите епископи учествувале и на црковните собори. Во актите на соборот одржан во Сердика (347) се спомнува „Еуагриус а Мацедониа де Херацлио Лѕнцо“ (Хиер. 639, 1; 641, 5). Епископот Квинтилиј (Љуинтилиус) учествувал на собирот во Ефес (449) и во Халкедон (451), а во актите на Цариградскиот собор (553) како потписник се појавува „Бенигнус еп. Херацлеотанае“ (Манси Ⅸ 173 Ц, 190 Е, 194 Б, 197 А. Б., 262 Б, 389 Б). Наследник на Бенигнус бил Јован-Пахомиј, чијшто монограм е сочуван на капител од Малата базилика, т.н. Базилика А (втора половина на Ⅵ в.), како и на натписот на градската фонтана. Од овој период потекнуваат и откриените сакрални градби: Големата базилика (подигната врз постара градба, т.н. Базилика Б), Малата базилика и Гробишната базилика, како и епископската резиденција. Градбите биле украсени со богата архитектонска пластика и со полихромни мозаични подови со геометриски, растителни и животински претстави и илустрирани пораки од Библијата. Во Ⅵ в. на просторот врз римскиот театар биле изградени микростанбени целини. Животот во градот замира кон крајот на Ⅵ в., а просторот на Гробишната базилика подоцна бил користен за некропола на словенските племиња. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 188-194; Хераклеја, И-Ⅲ, Битола, 1961–1967; Е. Манева, Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, посебно издание, 1, Битола, 1979; Т. Јанакиевски, Театар, Посебни изданија, 2, Битола, 1987; Г. Ц. Томашевиќ, Рановизантиски подни мозаици, Македонија, Епир и Дарданија, Београд, 1978. А. В.-М.