ХЕЛИЦЕРАТИ

ХЕЛИЦЕРАТИ (Цхелицерата) – членконоги организми без антени. Поседуваат јаки вилици (хелицери) во облик на клешта со кои ја дробат храната. Од овој поттип организми во Македонија се застапени претставници од класата пајаковидни хелицерати (Арацхнида), од која е утврдено присуство на 825 таксони (819 видови и 6 подвидови); од нив, 71 таксон се ендемични (65 видови и 6 подвидови). Од овој Крлеж (Ацарина) број, 2/3 припаѓаат кон редот вистински пајаци (Аранеа), а само 1/3 на другите неколку реда: скорпии (Сцорпионес); лажни скорпии (Псеудосцорпионес); мрачници (Солпугида); сенокосци (Опилионес) и крлежи (Ацарина). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.